Adam Abu-bashal
18 Февруари 2026•Ажурирај: 26 Февруари 2026
КЕБИ (АА) – Занаетчијата со оштетен вид, Мухамед Муктари-Бачака, кој живее во Кеби, Нигерија, веќе четири децени обезбедува средства за живот за своето семејство, користејќи разнобоен пластичен конец, со кој ткае фотелји, маси, бебешки креветчиња врз метална рамка, пишува Анадолу.
65-годишниот Бачака во градот Аргунгу за AA раскажа дека во детството немал пристап до образование и тешко заработувал за својот живот во западноафриканските земји каде што патувал.

Тој рече дека неговите производи привлекуваат внимание поради издржливоста и живописните бои меѓу локалните жители, а благодарение на приходите од својот труд успеал да се ожени и да ги испрати децата на училиште.
Во периодите кога имал доволно капитал, тој правел резерва на производи и ги ставал на продажба, но во последните години, поради зголемените трошоци, работи главно по нарачка.

- „Способни сте за работа“ -
Мајсторот Мукатари-Бачака нагласи дека промената во неговиот живот му дала голема гордост, истакнувајќи дека творењето ја зајакнува човечката достојност. Тој како инспирација за лицата со попреченост, порача: „Да се научи занает е можност да се смени животот. Способни сте за работа, доволно е да не се откажете.“