Hasan Esen
31 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Во последните три месеци бројот на бездомници на улиците низ Лондон е зголемен за 2.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на оние кои спијат на улиците во британската престолнина секојдневно се зголемува за 22 лица.
Според податоците на Единствената мрежа на бездомници (CHAIN), бројот на бездомници од јули до септември, во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 28 отсто и достигна 3.985 лица.
Во податоците е наведено дека секојдневно нови 22 лица се принудени да спијат на улица.
Џон Спаркс, директор на здружението кое се занимава со прашањето за бездомниците, изјави дека Законот за вандализам, кој го опфаќа спиењето и просењето на улица, ги загрозува условите за многу луѓе.