Ekip
15 Април 2025•Ажурирај: 17 Април 2025
ЛОНДОН (АА) - Полето со лалиња на фармата Талис во регионот Вест Сасекс, Англија, стана вистинска атракција за љубителите на природата кои го искористија убавото време за прошетка меѓу илјадниците расцутени цветови, јавува Анадолу.
Во рамки на Фестивалот на лалиња, фармата ги отвори вратите за посетителите, нудејќи незаборавно визуелно доживување со повеќе од половина милион лалиња од над 100 различни сорти.
Градината, украсена со автентични елементи како што се ветерници, мотори и дрвени мостови, потсетува на шарен цветен поток, каде посетителите од сите возрасти уживаа во фотографирање и прошетка.
Лалињата во оваа фарма цветаат околу 15 дена, по што повторно се повлекуваат во своите корења за да го дочекаат следниот цветен бран во исто време наредната година.