живот

Поради консумирање фалсификуван алкохол во Индија починаа 99 лица

Властите велат дека во болниците се лекуваат голем број лица кои консумирале фалсификуван алкохол, и дека постои загриженост од зголемување на бројот на починати

Emel Öz Gözellik  | 11.02.2019 - Обновена : 11.02.2019
Поради консумирање фалсификуван алкохол во Индија починаа 99 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Во Индија 99 лица починаа поради консумирање фалсификуван алкохол, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на локалните медиуми, полициските службеници соопштиле дека во индиските северни сојузни држави Утар Прадеш и Утараканд починале уште 60 лица поради консумирање фалсификуван алкохол, со што вкупниот број на починати се зголеми на 99 лица.

Властите велат дека во болниците се лекуваат голем број лица кои консумирале фалсификуван алкохол, и дека постои загриженост од зголемување на бројот на жртви.

Според соопштеното, 200 лица биле приведени поради овој случај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.