живот

Плажата Лидо, средиште на трговија со риба во сомалиската престолнина Могадишу

Морската храна се истовара на песокот и брзо се изложува на импровизирани тезги, каде што купувачите се собираат за да преговараат за цените

Elena Trenchevska Chekovic  | 16.12.2025 - Обновена : 16.12.2025
Плажата Лидо, средиште на трговија со риба во сомалиската престолнина Могадишу Фото: Abuukar Mohamed Muhidin/AA

МОГАДИШУ (АА) - Плажата Лидо во главниот град на Сомалија, Могадишу, е едно од најпрометните места за риболов во земјата, јавува Анадолу.

На плажата Лидо рибарите пристигнуваат рано наутро со чамци полни со свеж улов.

Морската храна се истовара на песокот и брзо се изложува на импровизирани тезги, каде што купувачите се собираат за да преговараат за цените.

Плажата претставува клучен центар за риболов и локална трговија во главниот град на Сомалија. Со секојдневниот улов, од туна, јастог до лигни, се снабдуваат рестораните, пазарите и домаќинствата низ градот. За многу рибари, оваа дејност е главен извор на приходи во услови на постојни економски предизвици.

Рибниот пазар на плажата Лидо е симбол на издржливоста на крајбрежните заедници во Могадишу. И покрај годините на конфликт и нестабилност, риболовот останува едно од најсигурните средства за егзистенција, потпирајќи се на богатите води на Индискиот Океан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.