живот

Од вечерва почнува зимското сметање на времето

Европскиот парламент во март минатата година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, а земјите членки на Европската Унија треба да одлучат дали ќе воведат трајно зимско или летно сметање на времето

Ekipa  | 24.10.2020 - Обновена : 25.10.2020
Од вечерва почнува зимското сметање на времето

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во 3:00 часот по полноќ (сабота кон недела) завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, пишува Агенција Анадолија (AA).

Европскиот парламент во март минатата година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година, а земјите членки на Европската Унија треба да одлучат дали ќе воведат трајно зимско или летно сметање на времето.

Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.


Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.


Инаку, во Република Северна Македонија зимското и летното сметање на времето со закон е регулирано во 1996 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın