Admir Fazlagic
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Од денес во 3 часот по полноќ почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот се поместија за еден час назад што значи дека времето во 3 часот се смета како 2 часот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.
Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера.