Dilara Karataş
10 Април 2023•Ажурирај: 11 Април 2023
КАНБЕРА (АА) - Западниот дел на Австралија е загрозен од ураганот Илса, поради што граѓаните побрзаа да пазарат и практично ги испразнија полиците во супермаркетите, пренесува Анадолу.
Според наводите на локалните медиуми, се очекува брзината на ураганот да достигне 250 километри на час.
Во соопштението на австралиското Биро за метеорологија се наведува дека ураганот Илса во сојузната држава Западна Австралија најверојатно ќе го зголеми интензитетот во наредните денови и ќе достигне категорија 4.
Категоријата 4 е втора највисока класификација на австралиската скала на интензитет на урагани и бури.
Се очекуваат и силни грмотевици во најсеверниот регион Кимберли, каде брзината на ураганот би можела да достигне и 250 километри на час.
Метеорологот Џесика Лингард го спореди ураганот со „непредвидлив ѕвер“ и додаде дека сите треба да бидат многу внимателни.