живот

Куќи во градот Салеми во Италија ќе се продаваат со почетна цена од 1 евро

Купувачите за секоја куќа мора да платат 3 илјади евра гаранција

Emel Gözellik  | 26.10.2020 - Обновена : 28.10.2020
Куќи во градот Салеми во Италија ќе се продаваат со почетна цена од 1 евро

АНКАРА 

Напуштените куќи во градот Салеми, лоциран на островот Сицилија, ќе бидат ставени на продажба по почетна цена од 1 евро, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста на „Си-ен-ен“ се истакнува дека куќите во Салеми ќе се продаваат на аукција следниот месец со цени што започнуваат од 1 евро.

Градоначалникот на Салеми, Доменико Венути, истакнувајќи дека најмалку 4 илјади луѓе го напуштиле градот по земјотресот во долината Белице на Сицилија во 1968 година, рече дека проектот го започнале со цел да се внесе нов здив во Салеми.

Според проектот, купувачот може да купи повеќе од една куќа, но за секоја куќа мора да се платат 3 илјади евра гаранција. Ако куќата се обнови во рок од 3 години, гаранцијата ќе се врати на купувачот.

Наведувајќи дека тие што се заинтересирани за купување не треба да го посетуваат Салеми, градоначалникот Венути рече дека купувачите треба да испратат детален план за реставрација на куќата што ја бараат.

Во некои градови во Италија беа спроведени слични проекти. Во средновековниот град Бизача, близу Неапол, куќите беа на продажба летото 2019 година за 1 евро.

Оние што сакаа да купат куќа во Бизача, мораше да се обврзат дека ќе ја реставрираат и дека ќе престојуваат таму.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın