Besar Ademi
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Речиси 15 илјади бегалци продолжуваат да останат заглавени во и околу центарот за бегалци во Идомени, а основните услови за живот продолжуваат да се влошуваат, а од друга страна бегалците продолжуваат да се надеват дека тие ќе го продолжат своето патување, јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата се влоши во Идомени уште повеќе по дождот вчера. Ситуацијата на бегалците во текот на денот е хаотична, но ноќта носи чудно спокојство, шаторите во кои престојуваат се полни со вода и кал, а небото е зачадено од дрвјата кои ги користат за огрев.
Хуманитарни организации кои работат во Идомени се обидуваат да обезбедат основни услови за живот, но кажуваат дека е невозможно да се грижат за голем број на бегалци.
Бегалци чекаат со часови за да добијат парче леб или да добиат медицински третман, додека друг дел од бегалците се наоѓа надвор од кампот, веќе се откажаа и се обидуваат да готват храна и да се грижат за своите деца во овие ладни ноќи.
Член на организацијата "Лекари без граници", Ангелики Козмадопулу истакнувајќи дека бројот на децата во Идомени е околу 5 илјади, рече дека им се дава медицинска помош на 200 деца дневно.
"Јас тука работам 8 часа на ден и додека сум тука доаѓат децата во нашиот шатор. Болестите кои најчесто се појавуваат се проблемите со дишењето, болки во стомакот, изгореници и помали трауми ", рече Козмадопулу.
Од вчера Македонија ги затвори своите граници за бегалците и од тогаш од Грција за Македонија, не помина ниту еден бегалец. Сепак, бегалците продолжуваат да седат во близина на граничниот премин со документи во раце, надевајќи се дека ќе им биде дадена дозвола да го продолжат своето патување. Тие истакнуваат дека ќе продолжат да чекаат за да ја преминат границата, бидејќи немаат каде да се вратат.