Bekim Laci
09 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Институтот за јавно здравје на Република Македонија (ИЈЗРМ), во соработка и со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) во следните два дена ќе ги обучува надлежните органи во врска со надзорот на болестите поврзани со водата, јавува Anadolu Agency (AA).
Шеф на Одделот за Здравствена Хигиена во ИЈЗРМ, Михаил Кочубовски, новинарите ги информираше дека Македонија е прва земја во Европа каде се организира ваква работилница, која меѓу другото има за цел ажурирање на знаењето на вработените во ИЈЗ и здравствени центри, и информираше дека на работилницата присуствуваат претставници од агенцијата за храна и ветеринарство, Министерство за животна средина и Државниот санитарен инспекторат на кои ќе им предаваат експерти од Норвешка и Германија.
Кочубовски рече дека болестите поврзани со вода се широко распространети во светот, и од ова страдаат главно деца, а се појавуваат поради недостатокот на хигиена и се шират со допир на рацете.
"Недостатокот на хигиената е меѓу болестите од вода, недостатокот на канализација или тоалети без истекување на вода, исто така е меѓу болестите од големата палета на болести поврзани со водата, но, исто така, дел од водата од клима-уреди и топла вода од бојлери," рече тој.
Според Кочубосвски, првите симптоми на болести поврзани со водата се дијареа и висока температура проследен со треска и повраќање, но рече дека сето ова може да се спречи на еден многу едноставен начин, со миење на рацете со сапун.
"Паразитски болести, со ширењето на црви во стомакот и тоа најчесто се појавува во руралните области, особено во земјите во развој и неразвиените земји како Индија, Бангладеш и некои африкански земји каде што постои недостаток на чиста вода и тоалети без канализациски систем кој предизвикуваат орало-фекални инфекции ", вели Михаил Кочубовски, раководителот на Секторот за здравствена хигиена во Институтот за јавно здравје.
Зајакнување на националните капацитети за надзор на болести поврзани со вода и одговор на епидемии се столбот на оваа програма во која водечките земји се Норвешка и Белорусија.