Dzihat Aliju
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денеска се одржа работилница на програмата "Школа на млади од Балканот", предводена од страна на Управа за Турците во странство и роднински заедници (YTB), јавува Anadolu Agency (AA).
Во работилницата на "Школа на млади од Балканот", која има за цел да се едуцираат успешните и способните млади од Балканот, придонесувајќи за развојот на нивниот духовен и интелектуален развој и креирање на социјална динамика за да се создадат можности младите способни луѓе од регионот да бидат заедно.
Во изјавата за новинарите претседателот на YTB Доц. Д-р Кудрет Булбул, истакнувајќи дека програмата "Школа на млади од Балканот" се роди како идеја откако направиле активности во Турција, и рече дека тие се посредници за студентите од целиот свет во Турција.
"Постои интерес која секој ден се зголемува. Минатата година од 182 земји добивме 155 илјади апликации. Ние имаме програма, како што се нарекува Академијата за меѓународни студенти со која се стремиме да бидеме социјален и културен водич на младите по нивното доаѓањето во Турција. Програмата има за цел да се направи младите да имаат самодоверба и знаење ", рече Булбул.
Тој истакна дека програмата е многу ефикасна и за неа постои интерес и од странство. Булбул рече дека тие добиле барања од невладини организации да организираат програми од ваков вид исто така и на Балканот.
"Имавме барања од невладините организации на Балканот за организирање на слични програми со кои што ќе им се овозможи на младите да имаат повеќе знаење, да развијат нивната самоувереност, да бидат квалификувани во традицијата на живеење во плурализмот на Балканот. Во овој контекст, изготвивме програма. Сакавме да ја оцениме програмата заедно со невладините организации. Ние сме тука за да се развие програмата во рамките на нивните предлози и да го збогатувааме нивните предлози ", рече тој.
Булбул истакнувајќи дека младите на крајот на програмата ќе добијат сеопфатна квалификации за историјата, културата и плурализмот на Балканот, рече дека студентите ќе се здобијат со богата културно-уметничка квалификации и не ја отфрли можноста за прошетки.
"Школа на млади од Балканот" во 2016 година ќе се одржи во Грција, Бугарија, Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
На овој настан пристуствуваа претседателот на YTB Доц. Д-р Кудрет Булбул, координатор на Турската агенција за агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје Теоман Тирјаки, директор на Институтот Јунус Емре Скопје Доц. Д-р Мехмет Самсакчи, ректор на Меѓународниот балкански универзитет Исмаил Коџајусуфоглу, претставници на невладини организации, академици и студенти.