Admir Fazlagic
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
СТРУГА (АА) - Во Струга започна работилницата за новинари од областа на авиосообраќајот во организација на „ТАВ Македонија", јавува Anadolu Agency (AA).
Дводневната работлиницата според организаторите работилницата е замислена како практична обука за новинарите кои го следат секторот авиосообраќај, како и презентација на работата на компаијата „ТАВ Аеродроми".
Освен новинарите учесници, во својоство на предавачи и гости присуствуваат претставници на менаџментот на „ТАВ Македонија", директори на Македонска навигација, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, претставници на МВР и на Царинската управа на Македонија, како и претставници од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“.
Работнилницата ја отвори генералниот директор на „ТАВ Македонија" Зоран Крстевски кој во својот воведен говор истакна дека преку оваа работнилница имаат за цел на новинарите да им ги приближат темите за кои тие најчесто се интересираат и известуваат.
Крстевски со учесниците сподели неколку информации од аспект на трендовите во светот, каде оди авијацијата, како и за Македонија и за македонската авијација и предвидувањата во иднина.
„Ако ги сумираме вкупните бројки на авиособраќајот тие покажуваат дека денеска се остваруваат 6,5 милијарди патници во авиосообраќајот, 51 процент од туристичките патувања припаѓаат под авиосообраќајот. Тој генерира 58 милиони работни места годишно, преку 5,3 трилиони долари вредност во карго пратки, повеќе од 900 авиокомпании со преку 22 000 воздухоплови, има 1670 аеродроми, постојат 160 провајдери на авигациски услуги", рече Крстевски во својата презентација.
Тој истакна дека ТАВ е еден од најголемите и најважните аеродромски оператори во светот. Овој опеарор управува со 14 аеродроми, каде поминуваат преку 102 милиони патници годишно, опслужува над 200 авиокомпании на годишно ниво. На аеродрмоите на ТАВ дневно поминуваат над 280 000 патници и 2100 летови дневно. Оваа компанија има преку 30.000 ваботени.
Говорејќи генерлно за работата на „ТАВ", Крстевски го спомна и Истанбулскиот аеродро, кој е еден од најбрзорастечките аеродроми во својата категорија, со што е позициониран како 11 во светот а трети во Европа.
Во однос на развојот на авијацискиот сектор до денес, Крстевски наведе дека овој сектор значително еволуирал со развојот на новите технологии и променетите легислативи.
Аслихан Чортук, маркетинг директор на „ТАВ Аеродроми" ја презентираше маркетинг стратегијатата на ТАВ, говорејќи дека оваа компанија се обидува на секој начин да обезбеди што е можно поквалитетна услуга на патниците, а во прилог на тоа го наведе податокот дека ТАВ во 2010 година имаше 15 директни дестинации додека во 2016 година бројката на директни дестинации достигна 32 директни дестинации.
Говорејќи за аеродромите со кои управува „ТАВ Аеродроми", таа истакна дека аеродромот во Саудиска Арабија е еден од најубавите аеродроми.
Заменик генералниот директор на „ТАВ Македонија" Алпер Ерсој се осврна на работата на ТАВ во Макеоднија, објаснувајќи дека откако ТАВ го презеде управувањето со аеродромите воведе бројни новини.
Од 2010 година „ АВ Аеродроми" го презеде управувањето со двата македонски аеродроми, при што бројот на патници е двојно зголемен. Рекордната превезена бројка на патници е како резултат на новите линии кои „ТАВ" ги воведе во изминатите години. За шест години работа, скопскиот аердором стана аеродром со најбрз раст во регионот.