свет, живот

Мал херој кој порасна преку ноќ: Палестинско момче волонтира во болница и им помага на повредените

До пред шест месеци Зекерија си играше со своите врсници, а денес трча и му помага на болничкиот персонал кој секојдневно прима десетици и стотици повредени и мртви

Zeynep Hilal Karyağdı Duran  | 30.03.2024 - Обновена : 01.04.2024
Мал херој кој порасна преку ноќ: Палестинско момче волонтира во болница и им помага на повредените Фото: Ashraf Amra/АА

ГАЗА (АА) – ЗЕЈНЕП ХИЛАЛ КАРЈАГДИ ДУРАН -

Децата во Појасот Газа минуваат низ најтешкиот период во нивните млади животи. Тие секојдневно се изложени на израелските напади, глад и смрт. И покрај сите неволји, тие се покажаа како големи борци. Додека децата низ светот уживаат во своето детство и имаат соништа, овие деца пораснаа преку ноќ и се соочуваат со незамисливи тортури, пишува Анадолу.

Дванаесетгодишниот Зекерија ес Серсек, кој живее во Појасот Газа, каде Израел, обвинет за геноцид, продолжува со своите интензивни напади, е мал херој.

До пред шест месеци тој си играше со своите врсници, а денес трча и му помага на болничкиот персонал кој секојдневно прима десетици и стотици повредени и мртви.

Бројот на мртви и ранети секојдневно продолжува да расте во Појасот Газа.

Во регионот каде што се бомбардирани болници и има недостиг од лекови и медицински материјали, медицинските тимови даваат сѐ од себе за да ги згрижат повредените.

Палестинското момче Зекерија трча низ болничките ходници, обидувајќи се да им помогне на болните и ранетите. Поради израелските напади тој мораше да го напушти својот дом и да побара засолниште во Деир ал-Балах. Таму работи како волонтер во болницата Ал Акса.

Облечен во сино болничко одело, трча по болничките ходници и му помага на медицинскиот персонал во примањето и лекувањето на ранетите.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година загинаа најмалку 32.623 Палестинци, а 75.092 се повредени.

Со продолжувањето на нападите врз цивилните населби, болниците, училиштата и засолништата каде што раселените Палестинци се засолнети од 7 октомври 2023 година, израелската војска исто така го спречи влезот на хуманитарната помош и ги осуди 2,3 милиони жители на Појасот Газа на гладување.

Меѓународните кругови, особено организациите на Обединетите нации, повикуваат да се прогласи прекин на огнот во Газа, каде што повеќето болници не работат, има недостиг од медицински материјали, а видливи се и болести предизвикани од глад, жед и недостаток на хигиенски средства.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање хуманитарна помош за цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.