Aida Cako
02 Ноември 2025•Ажурирај: 04 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Швајцарската долина Лаутербрунен, позната како „Долина на водопадите“, продолжува да ги воодушевува посетителите со своите високи карпи, алпски пасишта и вкупно 72 водопади кои се спуштаат низ нејзините падини, јавува Анадолу.
Сместена меѓу живописните планински села Венген, Мурен и Гимелвалд, долината го крие еден од највисоките водопади во Европа – Штаубах, каде што водата се распрснува во финa магла пред да ја допре земјата.
Лаутербрунен е омилена дестинација за љубителите на природата и авантуристите, а воедно се смета и за светски центар на „летање со крила“, со 13 овластени места за скокови.
Со својата сочувана историска архитектура, топлите планински кафулиња и удобните сместувачки капацитети, оваа долина останува едно од најпосетуваните места во Швајцарија во текот на целата година.