Bayram Altuğ,Bahattin Gönültaş
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ДАВОС (АА) - За време на одржувањето на 49. Светски економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија, преземени се високи безбедносни мерки, јавува Anadolu Agency (AA).
Тема на овогодишниот Форум е „Глобализација 4.0: Обликување на глобалната архитектура во време на четвртата индустриска револуција“. Се очекува дека на Форумот ќе присуствуваат повеќе од 3.000 претприемачи, политичари, академски работници и претставници на невладиниот сектор од 10 земји, а планирано е одржување на повеќе од 350 сесии.
- Во Давос се одржува 49. Светски економски форум
Швајцарската полиција и војската презедоа високи безбедносни мерки на сите патнички и железнички делници кои водат кон Давос. Исто така, сите цивили кои доаѓаат во градот, поминуваат низ претрес.
Минатата година на Самитот на кој присуствуваа американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, беа преземени високи безбедносни мерки.
Иако овие официјални претставници оваа година не присуствуваат на Самитот, безбедносните мерки не се ништо помалку во споредба со претходно.
На покривите во Давос се распоредени и снајперисти.
Високи безбедносни мерки се преземени и на аеродромите, а додатни претреси се вршат при влез во објектите во кои се одржуваат активности во состав на Форумот.
За време на викендот во Цирих се одржани демонстрации на кои насобраните протестираа против одржувањето на Форумот и глобализацијата.
Слични протести се одржани во Лозана и Женева.