Мексико: Експлозија во супермаркет одзеде најмалку 23 животи
- Според вестите во експлозијата се повредени повеќе од 10 лица
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 23 лица загинаа во саботата во експлозија до која дојде во еден супермаркет во Мексико, објавија локалните медиуми, известува Анадолу.
Експлозијата настанала по пожар кој избувнал во супермаркет на „Валдос“ во Хермосиљо, во северозападната мексиканска држава Сонора.
Иако официјалните бројки сè уште не се објавени, локалните медиуми укажуваат на прелиминарен број од најмалку 23 жртви и повеќе од 10 повредени.
Пожарот е ставен под контрола и започната е истрага за да се утврди причината за експлозијата.
Според весникот „Ла Хорнада“, една од хипотезите што се разгледуваат е истекување на гас или натрупување на гориво.
На американската платформа за социјални медиуми X секретаријатот за јавна безбедност на Сонора ја исклучи можноста за „напад или настан поврзан со насилен чин против цивили“.
Претседателката Клаудија Шајнбау им изрази сочувство на семејствата на жртвите.
„Бев во контакт со гувернерот на Сонора, Алфонсо Дуразо, за да се обезбеди потребната поддршка. Ѝ наложив на секретарката за внатрешни работи, Роза Исела Родригез, да испрати тим за поддршка со цел да им се помогне на семејствата и на повредените“, напиша таа на X.
