свет

САД: Во експлозија во Индијана загинаа три лица

„Би можело да има и други жртви. Не ја завршивме потрагата. Објектите сѐ уште не се безбедни за влез“

Vakkas Doğantekin  | 11.08.2022 - Обновена : 29.08.2022
САД: Во експлозија во Индијана загинаа три лица

АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа, а околу 40 куќи се оштетени во силната експлозија што вчера одекна во куќа во Евансвил, во американската сојузна држава Индијана, јавува Агенција Анадолија (АА).

Властите стравуваат дека може да има повеќе мртви или повредени бидејќи спасувачката операција сѐ уште е во тек.

„Би можело да има и други жртви. Не ја завршивме потрагата. Објектите сѐ уште не се безбедни за влез“, изјави началникот на противпожарната бригада, Мајк Конели.

Конели рече дека истрагата е во тек, а причината за експлозијата сѐ уште не е позната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın