Ferdi Türkten
11 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
АНКАРА (АА) - Бродот натоварен со жито кој денеска требаше да го напушти украинското пристаниште Черноморск, не можеше да го започне патувањето поради лоши временски услови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Соопштението го објави Министерството за одбрана на Туркије на социјалните мрежи.
„Бродот кој денеска во рамките на испораката на жито требаше да исплови од пристаништето Черноморск, не можеше да го започне патувањето поради лоши временски и поморски услови“, наведено е во соопштението.
Истакнато е дека е во тек товарење на бродовите во украинските пристаништа.