Mustafa Deveci
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во Индија се извадени 639 шајки од цреватa на пациент со психички проблеми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на индиските медиуми, 48-годишен маж кој живее во индиската област Гобарданга, пред две недели се јавил на преглед во болница во Калкута поради болки во стомакот и повраќање.
По направената томографија било откриено дека во цревата на пациентот има голема количина шајки. Тој бил опериран и од неговите црева биле извадени 639 шајки.
Сидарта Бисвас, хирургот што ја изврши операцијата, истакна дека повеќето од шајките биле подолги од пет сантиметри.
„Пациентот е во добра состојба, и е под надзор. За среќа, не е предизвикано поголемо оштетување на цревата на пациентот“, рече Бисвас.
Лекарите велат дека пациентот има психолошки проблеми, со склоност да голта шајки.