Yusuf Özcan
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
ПАРИЗ (АА) - Според резултатите од анкетата спроведена во Франција, поголемиот дел од Французите за „најидеален живот“ го сметаат животот на село, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот Институт за истражување на јавното мислење (IFOP) ги објави резултатите од анкетата изработена за потребите на здружението „Familles rurales“ и радиостаницата „France Info“.
Според анкетата, 81 отсто од Французите за идеален живот го сметаат животот на село.
Меѓу учесниците во анкетата, 19 отсто како место за живот и работа го избрале животот во град, додека само 5 отсто од анкетираните изразиле желба да се оддалечат од животот на село.
И покрај тоа, Французите изјавиле дека недостатоците во јавните услуги, работните и транспортните капацитети „претставуваат пречка за животот на село“.
Во анкетата, 46 отсто од анкетираните изјавиле дека животот на село со себе носи социо-економски проблеми. Од оние што живеат на село, 62 отсто животот го оцениле како „квалитетен стил на живот“.