живот

Жените во Занзибар собираат алги кои се важен извор на приход за локалното население

Со повлекувањето на водата на океанот, на површината остануваат алгите што локалците, особено жените облечени во традиционална облека, ги собираат внимателно

Aida Cako  | 17.06.2025 - Обновена : 17.06.2025
Жените во Занзибар собираат алги кои се важен извор на приход за локалното население Фото: Neşe Arı/АА

СКОПЈЕ (АА) - На бреговите на полуавтономниот остров Занзибар, во Танзанија, жените од плитките води на Индискиот Океан собираат алги – природен ресурс што станува сè поважен извор на приходи за локалното население, јавува Анадолу.

Со повлекувањето на водата на океанот, на површината остануваат алгите што локалците, особено жените облечени во традиционална облека, ги собираат внимателно.

Тие се користат во различни индустрии – од прехранбена и козметичка до фармацевтска – а покрај риболовот, имаат значајна улога во економијата на островот.

Занзибар, сместен покрај брегот на Танзанија во Источна Африка, се состои од вкупно 54 острови. Архипелагот, во кој доминира тропска клима, ги има островот Унгуџа (Занзибар), домот на Стоун Таун и островот Пенба, познат по трговијата со зачинот каранфилче, како негови два најголеми острова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.