Верниците во Индија го одбележаа фестивалот Чат Пуџа
– Илјадници верници вчера го одбележаа последниот ден од четиридневниот фестивал Чат Пуџа, посветен на богот на Сонцето, Сурја, кој се смета за еден од најважните културни и религиозни настани во индиските држави Џарканд, Бихар и низ северна Индија
 
                СКОПЈЕ (АА) – Илјадници верници вчера го одбележаа последниот ден од четиридневниот фестивал Чат Пуџа, посветен на богот на Сонцето, Сурја, кој се смета за еден од најважните културни и религиозни настани во индиските држави Џарканд, Бихар и низ северна Индија, јавува Анадолу.
За време на фестивалот, верниците изразуваат благодарност кон Сонцето за животот и просперитетот, преку пост, молитви и принесување овошје и традиционални јадења.
Во текот на завршниот ритуал, наречен „Уша Аргја“, верниците стојат во реките и езерата свртени кон изгрејсонцето, принесувајќи корпи исполнети со плодови, шеќерна трска и ориз како симбол на благодарност.
Многу жени постат неколку дена без вода, облечени во шарени сари, и го изведуваат ритуалот заедно со своите семејства, молејќи се за здравје, хармонија и благосостојба.
Фестивалот Чат Пуџа, кој потекнува од древната индиска традиција, го слави заемниот однос помеѓу човекот и природата, а во исто време го истакнува значењето на Сонцето како извор на живот и енергија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата. 
             
 
             
                                     
                                     
                                     
                                     
                                    