Büşra Nur Bilgiç
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
АНКАРА (АА) - Џефри Епстеин, американскиот финансиер и милионер, изврши самоубиство во неговата затворска ќелија во очекување на судењето за обвиненија поврзани за трговија со малолетни лица, јавија денеска американски медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизискиот канал „Еј-би-си њуз“ (ABC News), повикувајќи се на исказите на тројца службеници за спроведување на законот, објави дека Епстеин се самоубил во петокот вечерта во неговата затворска ќелија во Долен Менхетен.
Епстеин (66) беше задржан во федералниот затвор во Менхетен бидејќи се товареше под обвинение за трговија со шест малолетни лица, што носи максимална казна од 40 години затвор, и за заговор за вовлекување во сексуална трговија со малолетни лица, што носи максимална казна од 5 години.
Според обвинителите, Епстеин ги сторил кривичните дела на неговите имоти на Менхетн и Палм Бич, Флорида, каде што злоупотребил десетици малолетни девојчиња, некои дури на возраст од 14 години, и заговарал трговија со бело робје.