Ekipa
10 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ГАРПЕНБЕРГ (АА) - Проектот наречен „Мали куќички“ стана многу популарен кај Швеѓаните, а особено кај младата популација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Малите куќички нудат начин на живеење во природата, далеку од градот, како алтернатива за пазарот на недвижнини на кој доминираат високи цени на недвижнини.

Овие куќички се градат на површина од 8-10 метри квадратни, и освен тоа што се евтини, тие може да се изградат со домашни ресурси.
Постои можност и за нивно рециклирање.