Adel Ömeragiç
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Просечната заработка без данок и придонес во јануари, во Црна Гора, според податоците на Заводот за статистика (МОНСТАТ) изнесува 511 евра и е за 0,4 отсто поголема отколку во декември минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Просечната заработка без данок и придонес во јануари, во споредба со истиот месец минатата година се зголеми на 4,3 отсто, додека во однос на просечната нето-заработка минатата година беше за 2,4 отсто поголема, покажуваат податоците на МОНСТАТ.
Просечната бруто-заработка во јануари изнесуваше 767 евра.
Статистичарите рекоа дека ако се има предвид дека потрошувачките цени во јануари, во однос на декември минатата година се зголемиле за 0,3 отсто, произлегува дека реалната нето-заработка во истиот период се зголемила за 0,1 отсто.
„Во секторите според дејност, просечната нето-заработка во јануари, во однос на декември минатата година забележа раст во секторите уметност, забава и рекреација, 2,7 отсто, информирање и комуникации 2,5 отсто, преработувачка индустрија 2,1 отсто, здравствена и социјална заштита два отсто“, се наведува во соопштението.
Забележан е пад од седум отсто во секторите на останатите услужни дејности, административни и помошни услужни дејности 4,6 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 2,6 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 2,5 отсто.