Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Франција до 2040 година би можела да го забрани производството и истражувањата за нафта и гас, со што ќе стане првата земја во светот што го сторила тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најновиот предлог-закон ќе биде претставен на денешниот состанок на кабинетот.
Според тој закон, моменталните дозволи за експлоатација нема да бидат обновувани.
Овој чекор е симболичен во голема мера, со оглед на тоа што француското производство на нафта и гас претставува само еден отсто од националната потрошувачка, останатото се увезува.
Забраната е дел од поголемиот план економијата на таа земја да не користи веќе фосилни горива, да се поттикне развојот на чиста енергија и да се исполнат обврските пропишани со Парискиот климатски договор, со цел да се сузбие глобалнтоо затоплување.