Zeynep Rakipoğlu
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Историските и природните убавини на балканските земји предизвикаа голем интерес за локалните и странските посетители на 22-тиот Меѓународен саем за туризам Источен Медитеран (ЕМИТТ), јавува Anadolu Agency (AA).
Туристичките агенции и тур-операторите кои ја промовираат историската и природната убавина на Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција во саемскиот и конгресен центар ТУЈАП (Турција), овозможуваат уникатни и незаборавни моменти за гостите.
- „Повеќето Туристи во Македонија, доаѓаат од Турција"
Претставник на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, Неби Ахмети, истакнува дека Македонија на саемот ги претставува своите историски локалитети, својата кујна, природните убавини и културните вредности.
Ахмети во разговор за АА говореше за туристички градови во Македонија и убавините кои тие ги нудат.
„Охрид е најпознатиот туристички град во Македонија. Охридското Езеро, познато како 'бисер на Балканот', е на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Во главниот град Скопје има многу историски места од Османлиско време. Еден од градовите од тоа време е и Битола, Морам да го нав и наведам и националниот парк Маврово, кој е прекрасно место за посета во нашата земја. Во Тетово, има прекрасна Шарена џамија“, раскажа Ахмети.
Тој истакна дека саемите организирани во Турција се од голема важност за Македонија. „Повеќето туристи во Македонија, доаѓаат од Турција“ додаде тој.
Фарук Чалук, раководител на Здружението на туристички агенции во Сараево, кој ги информира посетителите за Босна и Херцеговина, истакна дека Сараево е многу посебен град.
Чалук рече дека историскиот град по доаѓањето на Османлиите ја одразува турско-османлиската култура. „Западна страна на градот ја рефлектира австро-унгарската култура. Центарот на градот е 'спој на културите'. На многу мал простор можете да видите многу стари џамии. Исто така можете да ги видите католички верските објекти и на католиците, православните и на Евреите заедно. Поради синтезата на овие различни религии, Сараево се нарекува Ерусалим на Европа“.