Burhan Sansarlıoğlu
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Истанбулската берза денеска оствари рекордна вредност на индексот BIST 100 кој за прв пат се искачи на 120.701,92 поени, јавува Anadolu Agency (AA).
Зголемувањето на интересот за трговија во турската валута и посебно изразното тргување со акциите на банкарскиот пазар се некои од главните фактори за достигнување на рекордна вредност на инексот BIST 100.
На затворањето во 15:30 часот е забележан раст на тој индекс од 1,77 отсто и тој потоа остана над 120.000 поени.
Укажувајќи дека вчера дошло до нагло зголемување на вредноста на индексот на Истанбулската берза и дека тој тренд и денеска е продолжен со трнување на банкарски акции во прв ред, аналитичарите најавуваат нови рекордни вредности на берзата во Истанбул.