Erhan Cihan Ünal
29 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулската берза и во оваа недела влегува со континуиран тренд на раст на вредноста на индексот BIST 100, кој достигна рекордна вредност од 121.341,20, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на берзата ова утро, вредноста на индексот се зголеми за 639,28 поени, или 0,53 отсто.
Најголем раст на работењето за 1,51 отсто остварен е во секоторот на транспортот, а продолжува и стабилниот раст од 0,79 во банкарскиот сектор. Само еден сектор забележа пад на вредноста на индексот на Истанбулската берза, а станува збор за акциите во секторот на осигурувањето.
Зголемениот интерес за трговијата со турска валута и особено изразеното тргување со акции на банкарскиот пазар се некои од главните фактори за постигнување на рекордната вредност на индексот BIST 100.
Аналитичарите појаснуваат дека тргувањето на Истанбулската берза е потпмогнато од голем број фактори, меѓу кои се и задржувањето на вредноста на доларот под 3,75 во однос на лирата и позитивните трендови на европските берзи.
Укажувајќи дека минатата недела дојде до нагло растење на вредноста на индексот на Истанбулската берза и дека овој тренд продолжува и денес, аналитичарите најавуваат нови рекордни вредности на берзата во Истанбул.