Турција, економија

Турската берза во првиот квартал забележа обем на тргување од 700 милијарди долари

Околу 74 отсто од трансакциите се извршени од домашни инвеститори, а 26 отсто од странски

Gökhan Ergöçün  | 24.07.2021 - Обновена : 26.07.2021
Турската берза во првиот квартал забележа обем на тргување од 700 милијарди долари

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската берза во првото тромесечје од оваа година бележи обем на трансакции од 5,18 билиони турски лири (околу 700 милијарди долари), покажуваат најновите податоци објавени од Здружението на пазарот на капитал на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на ова здружение, обемот на трговија во периодот јануари - март се зголемил за 2,5 пати на годишно ниво.

Просечниот курс на американскиот долар во однос на турската лира беше 7,39 во текот на првиот квартал на 2021 година.

Здружението соопшти дека обемот на трговија на домашните инвеститори се зголемил за 145 проценти, достигнувајќи 3,8 билиони турски лири (514 милиони долари).

Обемот на странски инвеститори исто така порасна за 157 отсто, и достигна 1,4 билиони турски лири (189 милиони долари).

Околу 74 отсто од трансакциите се извршени од домашни инвеститори, а 26 отсто од странски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın