Ivana Ramadanova
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - На автопатот А1 Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Прдејци, вчера во 06,15 часот од страна на мешовит патролен тим, било откриено кривично дело „криумчарење мигранти“ сторено со товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во товарниот простор на „Мерцедесот“ биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.