економија

Турција: Годишната стапка на инфлација во април изнесуваше 17,14 отсто

Минатата недела, истражувањето на АА покажа дека група од 20 економисти предвидуваат просечно годишно искачување од 17,27 отсто на потрошувачките цени.

Tuba Şahin  | 03.05.2021 - Обновена : 04.05.2021
Турција: Годишната стапка на инфлација во април изнесуваше 17,14 отсто

АНКАРА 

Турција во април забележа годишен раст од 17,14 отсто на потрошувачките цени, објави денес Турскиот статистички институт (ТуркСтат), јавува Агенција Анадолија (АА).

Минатиот месец, годишната инфлација се зголеми за 0,95 процентни поени од 16,19 отсто во март, соопшти ТуркСтат.

„ТуркСтат“ соопшти дека најголемото годишно зголемување е 29,31 отсто во транспортот во април, додека алкохолните пијалаци и тутунот се искачија со најниско темпо со 3,60 отсто.

Минатата недела, истражувањето на АА покажа дека група од 20 економисти предвидуваат просечно годишно искачување од 17,27 отсто на потрошувачките цени.

На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени се искачи за 1,68 отсто во април.

Средната вредност на проценките за април од страна на економистите беше раст од 1,79 отсто во споредба со претходниот месец.

Податоците на „ТуркСтат“ покажаа дека најголем месечен пораст на потрошувачките цени е забележан кај облеката и обувките со 7,57 отсто.

Потоа следуваат храната и безалкохолните пијалаци со 2,13 отсто и образованието со 2,09 отсто.

„Меѓу главните групи на расходи, најголемото месечно намалување е во комуникацијата со пад од 0,28 отсто“, се додава од Турскиот статистички институт (ТуркСтат).

Турската Централна банка предвидува инфлацијата на крајот од годината во земјата да достигне 12,2 отсто.

Целта на владината стапка на инфлација на крајот од годината е 8 отсто за 2021 година, според новата економска програма објавена во септември минатата година.

Од почетокот на оваа година, годишната инфлација нагло се зголеми од 14,60 отсто во декември 2020 година. Бројката изнесуваше 14,97 отсто во јануари и 15,61 отсто во февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın