Tuba Şahin
02 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
АНКАРА
Министерката за трговија Рухсар Пекџан соопшти дека Турција во февруари оваа година остварила најголем извоз во историјата во тој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во февруари остваривме раст на извозот за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година. Февруарскиот извоз изнесуваше 16 милијарди и 12 милиони долари“, изјави Пекџан во Анкара.
Турција во текот на февруари го зголеми и извозот за 9,8 отсто и тој изнесуваше 19,4 милијарди долари.
Ресорната турска министерка Пекџан изјави дека таа земја во првите два месеци оваа година ја зголемила покриеноста на увозот со извоз од 79,5 на 82,9 отсто.
„Предвидуваме дека со правењето исчекори во реформските процеси во 2021 година додатно ќе ги зголемиме инвестициите и производството“, порача Пекџан.