економија

Турција бележи раст на извозот

Извозот на Турција во февруари се зголеми за 3,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година, односно се зголеми на 13 милијарди и 593 милиони долари.

Merve Özlem Çakır  | 29.03.2019 - Обновена : 30.03.2019
Турција бележи раст на извозот

АНКАРА (АА) - Извозот на Турција во февруари се зголеми за 3,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година, односно се зголеми на 13 милијарди и 593 милиони долари, додека увозот во овој период се намали за 16,9 отсто, односно на 15 милијарди и 727 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заводот за статистика на Турција и Министерството за трговија на Турција ги објавија привремените статистики за надворешната трговија за февруари, како и за периодот јануари-февруари.

Според тоа, извозот на Турција во февруари се зголеми за 3,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година, односно се зголеми на 13 милијарди и 593 милиони долари, додека увозот во овој период се намали за 16,9 отсто, односно на 15 милијарди и 727 милиони долари.

Во овој период, надворешниот трговски дефицит со пад од 63,1 отсто се намали на 2 милијарди и 134 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извоз во февруари минатата година беше 69,4 отсто, додека во февруари оваа година се зголеми на 86,4 отсто.

- Периодот јануари-февруари

Извозот на Турција во периодот јануари-февруари со раст од 4,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, се зголеми на 26 милијарди и 783 милиони долари, додека увозот со пад од 22,3 отсто се намали на 31 милијарда и 398 милиони долари.

Во периодот за кој станува збор, надворешниот трговски дефицит се намали за 69 отсто, на 4 милијарди и 615 милиони долари. Во овој период, покриеноста на увозот со извоз беше 85,3 отсто.

- Надворешната трговија според Општиот трговски систем

Според Општиот трговски систем, извозот во февруари оваа година во споредба со истиот период минатата година, со раст од 3,7 отсто се зголеми на 14 милијарди и 308 милиони долари, додека увозот се намали за 19,2 отсто на 16 милијарди и 56 милиони долари.

Во овој месец за кој станува збор, надворешниот трговски дефицит се намали за 71,2 отсто на 1 милијарда и 748 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз беше 89,1 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.