Jeyhun Aliyev
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Од европскиот Институт за статистика (Евростат) се соопштува дека стапката на невработеност во Европската Унија (ЕУ) во септември изнесувала 6,7 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ова е најниска бројка забележана во 28-члениот блок на ЕУ од јануари 2000 година“, се вели во соопштението на Евростат.
Оттаму истакнуваат дека стапката на невработеност во ЕУ во септември оваа година изнесувала 6,7 отсто, и е стабилна во споредба со август истата година, а намалена споредбено со септември 2017 година кога изнесуваше 7,5 отсто.
Стапката на сезонска невработеност во еврозоната (ЕА19) минатиот месец изнесуваше 8,1 отсто, што претставува пад од 8,9 отсто колку што изнесуваше во септември 2017 година - што претставува најниска стапка забележана во еврозоната од ноември 2008 година.
Евростат предвиде дека околу 16,6 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 13,1 милиони во еврозоната биле невработени тој месец.
Бројот на невработени лица во еврозоната во споредба со август се намали за 35.000 во ЕУ и се зголеми за 2.000 во еврозоната.
„Во споредба со септември 2017 година, невработеноста се намали за 1.793 милиони во ЕУ28 и за 1.309 милиони во еврозоната“, се вели во извештајот.
Извештајот, исто така, покажа дека највисоката стапка на невработеност во земјите членки е регистрирана во Грција со 19 отсто (бројки од јуни), по што следува Шпанија со 14,9 отсто.
Најниските стапки беа забележани во Република Чешка со 2,3 отсто, и Германија и Полска со 3,4 отсто.
Во 2017 година, стапката на невработеност беше намалена во 27 земји членки и остана стабилна во Естонија.
Евростат нагласува дека над 3,3 милиони млади лица на возраст под 25 години биле невработени во ЕУ минатиот месец.
„Во септември 2018 годна, стапката на невработеност на младите лица во ЕУ28 изнесуваше 14,9 отсто и 16,8 отсто во еврозоната, при што во споредба со претходната година стапката изнесуваше 16,5 и 18,3 отсто соодветно“, се вели во извештајот.
Република Чешка и Германија забележаа најниска стапка на невработеност на младите со 6,3 отсто во месецот.
Највисоките стапки на невработеност кај младите се регистрирани во Грција (37,9 отсто во јули 2018 година), а потоа следуваат Шпанија (34,3 отсто) и Италија (31,6 отсто).