Bayram Altuğ
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
ЖЕНЕВА (АА) - БАЈРАМ АЛТУГ -
Генералниот секретар на Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Елхаџ Ас Су, истакна дека поддршката на Турција за милионите Сиријци коишто ги угости е непроценлива.
Генералниот секретар на IFRC, Сенегалецот Су, во изјава за Anadolu Agency (АА) упати пофалби до Турција која дава најголема хуманитарна помош во светот во споредба со националниот приход.
„Упатувам благодарност до Турција, турскиот народ, турската Влада, и турската Црвена полумесечина за гостопримството што го покажаа (за Сиријците). Преземање на одговорноста за 4 милиони мигранти е тежок товар. Затоа, со бројните наши партнери, ги поддржуваме активностите на Црвената полумесечина“, нагласи Су.
Тој рече дека заедно со меѓународните организации како Светската програма за храна (WFP) при Обединети нации (ОН), им даваат поддршка на милиони Сиријци во Турција. „Но дали тоа е доволно? Сигурно дека не. Затоа, ја сметаме за непроценлива помошта на турскиот народ и турската Влада за лицата што имаат потреба“, додаде тој.
Су истакна дека тие како IFRC ќе продолжат да ја поддржуваат Турција, и дека оваа поддршка треба да се зголеми.
Тој упати апел до меѓународната заедница за давање поголема поддршка за Турција. „Го повикуваме целиот свет, вклучувајќи ја и Турција, за солидаризирање со сите мигранти каде и да се наоѓаат тие“, рече тој.
Су нагласи дека тие се во соработка со „European Civil Protection and Humanitarian Aid Operations (ECHO)“ при Европската комисија, со цел исполнување на основните потреби на Сиријците во Турција, и дека исто така го поддржуваат системот на WFP, со цел исполнување на потребите на Сиријците.