свет

Министрите на ЕУ се согласија за пристапот на Блокот кон Авганистан

- Во документот, Блокот ја нагласува својата посветеност кон мирот и стабилноста на Авганистан и поширокиот регион и ветува дека ќе го поддржи авганистанскиот народ.

Ekip  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Министрите на ЕУ се согласија за пристапот на Блокот кон Авганистан

БРИСЕЛ 

Министрите за надворешни работи на ЕУ денес усвоија документ што го води пристапот на Блокот кон привремената влада во Авганистан назначена од талибанците, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Одлуката официјално ги потврди главните наоди од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, чиј домаќин беше словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, претходно овој месец.

Во документот, Блокот ја нагласува својата посветеност кон мирот и стабилноста на Авганистан и поширокиот регион и ветува дека ќе го поддржи авганистанскиот народ.

За таа цел, ЕУ е подготвена да одржува „оперативен ангажман“ со привремената влада што не подразбира официјално признавање.

ЕУ поставува пет услови за соработка, вклучувајќи борба против меѓународниот тероризам, почитување на човековите права, особено правата на жените, воспоставување инклузивна и претставничка влада, слободен пристап до хуманитарна помош и давање бесплатно заминување на странски државјани и на Авганистанците во ризик.

Министрите за надворешни работи, исто така, се согласија да го зачуваат „минималното присуство“ на дипломатското претставништво на Блокот во Кабул, со цел да се олесни испораката на хуманитарна помош и да се следи ситуацијата.

Блокот вети дека ќе формира „регионална политичка платформа за соработка со директните соседи на Авганистан“ за спречување на „негативните последици“, или, како што објаснија неколку официјални претставници на ЕУ претходно, за да ги спречи миграциските текови што доаѓаат во Европа преку канализирање директна помош кон регионот.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан на претстојниот состанок на 18 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın