свет

Бразил веќе 66 години го одржува првиот говор на Генералното собрание на ОН

- Со текот на годините стана традиција Бразил да биде првиот говорник во Генералното собрание

Sümeyye Dilara Dinçer  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Бразил веќе 66 години го одржува првиот говор на Генералното собрание на ОН

АНКАРА 

Според веста на „Блумберг“, Бразил продолжува да биде прв говорник на Генералното собрание на ОН веќе 66 години, иако по азбучен редослед не е прв, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На веб-страницата на ОН е забележано дека се користи комплексен алгоритам за да се одреди редоследот на говорниците. Втората земја говорник, по Бразил, се Соединетите Американски Држави, кои се домаќини на Генералното собрание на ОН. Не постои дефинитивен план за редоследот на говорот на другите земји.

„За сите други земји членки, редоследот на говорот се заснова на други критериуми како што се нивото на застапеност, преференциите и географската рамнотежа“, велат од ОН.

Официјални претставници на протоколот на ОН наведуваат дека Бразил се пријавил доброволно за оваа задача кога ниту една земја не сакала да биде првиот говорник во првите години на Генералното собрание на ОН.

Се наведува дека со текот на годините станало традиција Бразил да биде првиот говорник во Генералното собрание.

За вториот говорник, САД, традицијата беше прекината. На пример, по доцнењето на американскиот претседател Барак Обама на Генералното собрание на ОН во 2016 година, претседателот на Чад, Идрис Деби, се јави како втор говорник.


- Говорите траат 15 минути

Планирано е земјите што ќе земат збор во Собранието да зборуваат 15 минути, но одвреме-навреме се надминуваат тие минути. Со цел говорниците да не го надминат тоа време, се даваат сигнали со обоени светла.

Според веста на „News24“, поранешниот либиски претседател Муамер Гадафи зборувал 96 минути на состанокот на Генералното собрание на кое за првпат присуствуваше во 2009 година.

Говорот на Фидел Кастро, водачот на Кубанската револуција, како премиер во 1960 година, траеше 4 часа и 29 минути.


​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.