Mahmoud Barakat
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони денес погодија област источно од бегалскиот камп „Буреиј“, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите на АА, погодената област била користена од палестинските активисти како место од кое полетуваат змејови и балони на израелската територија.
Не се пријавени жртви како последица на нападот.
Израелската Армија сѐ уште не се огласи за воздушниот напад.