економија

Русија и Турција ќе ја зголемат употребата на националните валути

Согласно договорот, ќе се формира соодветна инфраструктура за финансискиот пазар и ќе се зголеми и атрактивноста на паричните единици на двете земји на ниво на трговски организации

Emre Gürkan Abay  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Русија и Турција ќе ја зголемат употребата на националните валути

МОСКВА (АА) - Министерството за финансии на Русија соопшти дека Русија и Турција на 4 октомври потпишале договор во насока на вршење трговија со националните парични единици, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за финансии на Русија, преку овој договор, потпишан од министерот за трезор и финансии на Турција, Берат Албајрак, и вицепремиерот и министер за финасии на Русија, Антон Силуанов, постепено ќе се зголеми употребата на турската лира и руската рубља во трговијата меѓу двете земји.

Во соопштението се нагласува дека согласно договорот ќе се формира соодветна инфраструктура за финансискиот пазар, и дека ќе се зголеми и атрактивноста на паричните единици на двете земји на ниво на трговските организации.

Исто така, се наведува дека во рамки на овој договор, ќе се прошири употребата на руските картички MIR и SPFS (систем за финансиски пораки, кој е руска алтернатива на SWIFT).

Се вели дека Русија и Турција планираат да го организираат проширувањето на националните системи за трансфер на финансиски пораки во другите земји.

„Потпишувањето на овој договор е значаен чекор во меѓусебна корист меѓу Русија и Турција, во насока на проширување и развивање на фер трговска и економска соработка“, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın