Emre Gürkan Abay
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, најави дека испораката на гас преку двата крака на гасоводот „Турски тек“, би можела да започне од 1 јануари 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новак во интервјуто за телевизијата „Rossiya24“ изјави дека изградбата на гасоводот „Турски тек“ напредува во согласност со планот, и изјави дека испораката на гасот во полн капацитет од 31,5 милијарди кубни метри би можела да започне во 2020 година.
„Турски тек“ се состои од два крака на гасоводот по кој рускиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа. Двата крака имаат капацитет по 15,75 милијарди кубни метри.
Новак, исто така изјави дека постојат две опции кога е во прашање кракот на гасоводот од Турција кон Европа.
„Првата солуција е дека гасоводот оди преку Грција кон Италија, а другата преку Бугарија, Грција и Србија кон Австрија“, изјави Новак.
Истакнувајќи дека и понатаму се водат преговори за трасата на вториот крак, Новак изјави дека се постигнати согласувања со земјите кога е во прашање мапата на тие траси.
„Наш приоритет е втората траса која оди од Бугарија кон Австрија“, изјави ресорниот турски министер.
Челникот на руската компанија „Газпром“, Алексеј Милер, минатата недела најави дека изградбата на гасоводот преку морето ќе биде завршена во наредните два месеца.