Murat Temizer
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Унгарија потпиша договор со руската компанија „Газпром“, да прима природен гас преку гасоводот „Турски тек“ до крајот на 2019 година, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за унгарската новинска агенција МТИ изјави дека гасоводот „Турски тек“ е најдобрата опција за снабдување на Унгарија со гас од јужната рута.
Тој изјави дека енергетската безбедност е значајна во регионот затоа што е планирано да се воспостават меѓународни корелации меѓу Унгарија и можните партнери Романија и Хрватска.
„Енергетската безбедност е многу важна. Затоа гасот што доаѓа од јужниот дел на Унгарија е прашање на националната безбедност“, нагласи тој.
„Турски тек“ е гасовод за извоз на гас без транзитни трошоци, кој не само што ќе се протега преку Црното Море, од Русија до Турција, туку ќе биде проширен долж границата на Турција со соседните земји.
Една линија се очекува да го снабдува турскиот пазар, а втората линија ќе носи гас во јужна и во југоисточна Европа. Секоја линија ќе има пропусен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.
Цевките за „Турски тек“ ќе започнат од јужниот руски град Анапа, на брегот на Црното Море, и ќе се протегаат на 900 километри под Црното Море, за да стигнат до регионот Тракија во Турција, долж брегот на Црното Море.