Razi Selimi,Mustafa Melih Ahıshalı
25 Мај 2023•Ажурирај: 26 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот директор на Националната компанија за природен гас на Иран (NIGC), Меџид Чегени, истакна дека во случај Иран да извезува природен гас во Европа, тоа ќе се реализира преку Туркије, пренесува Анадолу.
Чегени во изјава за иранската новинска агенција ИЛНА информираше за ставот на Ирак за иднината на извозот на природен гас.
„Во случај да извезуваме природен гас во Европа, тоа ќе се реализира преку Туркије“, нагласи Чегени.
Тој истакна дека Пакистан, Авганистан и Оман исто така го бараат природниот гас на Иран.
Според него, преговорите се на дневен ред, но, како што рече тој, сè уште не е подготвена потребната инфраструктура за потпишување договор со дел од овие земји.