Ata Ufuk Şeker
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Извозот на Европската Унија (ЕУ) во светот овозможува вработување за вкупно 36 милиони лица во земјите членки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија го објави извештајот со наслов „Ефектите на извозот во вработувањето и приходот во ЕУ“.
Во извештајот се наведува дека сите земји членки на ЕУ имаат економски придобивки од извозот, и дека во периодот од 2000 до 2017 година, вработувањето во ЕУ врз основа на извозот се зголемило за 66 отсто.
Според извештајот, овој извоз на ЕУ овозможува вработување за 36 милиони лица во земјите членки на Унијата, додека стапката на вработувањето, врз основа на извозот во ЕУ во 2017 година сочинува 15,3 отсто од вкупното вработување.
Во извештајот се вели дека во работите во врска со извозот, во Германија се вработени 8,4 милиони лица, во Британија 4,2 милиони лица, во Франција 3,4 милиони лица и во Италија, 3,2 милиони лица.