Ahmet Dursun
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Заедничката трговска комора на Иран и Кина, Eседулах Есгеровлади, соопшти дека се решени банкарските проблеми меѓу двете земји предизвикани од санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Eсгеровлади во изјава за иранската новинска агенција Тесним се осврна на трговските проблеми со кинеската страна, предизвикани од едностраните санкции на САД.
„Надминати се банкарските проблеми меѓу Иран и Кина. Почнувајќи од 2 декември, една кинеска банка повторно ќе ги започне банкарските односи со Иран“, додаде тој.
Некои меѓународни банки ги прекинаа своите односи со Иран, откако Техеран беше спречен да врши трговија со американски долари преку едностраните санкции кон Иран од страна на администрацијата на Вашингтон, под водство на американскиот претседател, Доналд Трамп.