економија

Економиите на Г20 се намалија во вториот квартал на 2020 година

„За областа Г20 како целина, БДП падна за рекордни 6,9 отсто, што претставува значително поголем пад откако во првиот квартал на 2009 година во екот на финансиската криза беше забележан пад од 1,6 отсто“, се вели во извештајот

Aysu Biçer  | 15.09.2020 - Обновена : 16.09.2020
Економиите на Г20 се намалија во вториот квартал на 2020 година

АНКАРА

Економиите на Г20 забележаа невиден пад на БДП во вториот квартал на 2020 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (OECD), јавува Агенција Анадолија (АА).

„За областа Г20 како целина, БДП падна за рекордни 6,9 отсто, што претставува значително поголем пад откако во првиот квартал на 2009 година во екот на финансиската криза беше забележан пад од 1,6 отсто“, се вели во извештајот.

„Кина беше единствената земја од Г20 што забележа раст со 11,5 отсто во вториот квартал на 2020 година, како одраз на раниот почеток на пандемијата во оваа земја и последователното закрепнување“, се истакнува.

БДП падна најдраматично - со 25,2 отсто - во Индија, по која следува Велика Британија со 20,4 отсто, додека намалувањето беше помалку изразено во Јужна Кореја и Русија со 3,2 отсто во двете земји.

Во меѓувреме, годишниот БДП во областа Г20 падна за 9,1 отсто во вториот квартал на 2020 година, по намалувањето од 1,7 отсто во претходниот квартал.

Меѓу економиите на Г20, Кина забележа најголем годишен раст (3,2 отсто), додека Индија забележа најголем годишен пад (-23,5 отсто).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın