економија

Амазон во Канада и САД ќе вработи 100.000 луѓе

За време на пандемијата дојде до значајно зголемување на интересот за онлајн купување, поради што во април и јуни дојде до значајно зголемување на приходите на компанијата

Nuri Aydın  | 14.09.2020 - Обновена : 15.09.2020
Амазон во Канада и САД ќе вработи 100.000 луѓе

ЊУЈОРК (АА) - Компанијата за онлајн трговија „Амазон“ соопшти дека поради зголемениот обем на работа, во Соединетите Американски Држави (САД) и Канада ќе вработи околу 100.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека новите работници, меѓу останото, ќе бидат вработени на работните места да паркираат и да ги следат пратките и нарачките.

За време на пандемијата дојде до значајно зголемување на интересот за онлајн купување, поради што во април и јуни дојде до значајно зголемување на приходите на компанијата.

Алиша Болер Дејвис соопшти дека компанијата во одредени градови би можела да дели и бонуси.

Компанијата во април и мај вработи 175.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın