Zeynep Kahveci
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Европските берзи ги започнаа активностите во последниот ден од работната недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
По отворањето, индексот на Stoxx Europe 600 загуби 0,9 % од својата вредност и падна на 309 поени. Во Германија индексот DAX 30 претрпе пад од 0,9 % и изнесува 9.489 поени.
Британскиот индекс FTSE 100 забележа пад од 1,3% и изнесува 5.408 поени, додека шпанскиот индекс IBEX 35 загуби 0,6% и изнесува 6.536 поени. Францускиот индекс CAC 40 загуби 1,1% од вредноста и изнесува 4.173 поени, додека италијанскиот индекс MIB 30 забележа најголем пад од 1,6% и изнесува 16.562 поени.
По отворањето на европските берзи паритетот евро/долар изнесува 1,0810, додека паритетот фунта/долар е 1,2350.
Аналитичарите потсетуваат дека заклучно со вчера, во светот, новиот тип коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 1 милион заразени лица, додавајќи дека постои загриженост дека тоа би можело негативно да влијае врз социјалниот и економскиот живот, при што тој факт го посочуваат како една од главните причини за падот на берзите во почетокот на овој ден.
Од друга страна, според последните ажурирани податоци, вирусот во Италија е детектиран кај 115.000 лица, а од последиците на заразувањето со новиот тип коронавирус во оваа земја починаа над 13.000 лица. По Италија, како земја со најголем број смртни случаи, следува Шпанија, која вчера го достигна највисокото ниво на смртни случаи во еден ден. Во Шпанија, во период од 24 часа беа регистрирани 950 смртни случаи, со што вкупниот број на починати ја надмина бројката од 10.000, а вкупниот број на детектирани лица заразени со новиот тип коронавирус е поголем од 110.000.
Аналитичарите информираа дека денеска, покрај Индексот на деловна активност (PMI) во светски рамки, ќе го следат и извештајот за вработувањата во САД во месец март.