Halit Süleyman
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
ИДЛИБ (АА) - Како послединца на воздушниот напад на воените авиони на сирискиот режим во центарот на градот Идлиб загинаа 28 лица, а 41 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицето задолжено за цивилна заштита во Идлиб, Мухамед Али во изјава за АА рече дека воените авиони на режимот на Башар ал-Асад го бомбардира центарот на градот Идлиб кој е под контрола на опозициските сили.
Како последица на нападот на пазарот во градот животот го загубија 28 цивили меѓу кои деца и жени, а се повредени се 41 лице пренсува Али, којшто додаде дека во нападот излезе оган од автомоблилите, работните места и куќите. Екипите на цивилна одбрана и против пожарникарските екипи успеаја да го изгаснат пожарот.
Истакнувајќи дека повредените од нападот со амбулантски возила биле однесени во руралните болници на градот Али рече дека се загрижени поради можното зголемување на бројот на жртвите.
Али реле дека силите на режимот на Асад извршија напад пред самиот празник на Курбан Бајрам и дека во овој напад животот го загубија невини цивили.
Русија и САД се договорија примирјето во Сирија да започне на 12 септември, кога и почнува празникот Курбан Бајрам.